На 25 февруари со почеток во 10:00 часот, Блупринт групата за реформи во правосудството ја одржува завршната конференција на проектот „За Правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2020-2021“.
Конференцијата е посветена на влијанието на пандемијата од вирусот КОВИД – 19 врз работата на судството и судските органи, како и на текот на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за минатата 2020 година.
Настанот ќе се одржи онлајн, преку платформата зум. Конференцијата, за која е обезбеден и превод на албански јазик, можете да ја проследите преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/89462511678