Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ на 25 март 2022 година (петок), со почеток во 12 часот, во сала 3 во хотелот Александар Палас во Скопје организираат завршен настан на проектот „Образование на помалку бројните етнички заедници“.

Целта на настанот е да се одбележи четиригодишниот проект и резултатите кои се постигнати во него преку претставување на публикацијата „Акциски истражувања за инклузивна училишна култура“.

На настанот ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска, Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“ и претставници на неколку училишта кои учествуваа во проектот.

За време на одржувањето на настанот целосно ќе се запази и почитува Протоколот за организација на настани во рамки на националниот план за спречување на ширењето на корона вирусот.

Говорници: