Коалиција Сите за правично судење организира тркалезна маса за промоција на финално истражување за корупција и судир на интереси на локално ниво, со фокус на урбанизмот. Дополнително, овој завршен настан ќе биде спроведен во формат на панел дискусија на која што дел панелисти ќе имаат свое излагање на конкретни теми од област на ова тематско подрачје:
12:00-12:20 Воведни обраќања
- г-а Натали Петровска, извршна директорка на Коалиција „Сите за правично судење“
- г-а Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка во Фондација Отворено општество – Македонија
- г-дин Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош
- 12:20-12:30 Презентација на наоди од истражувањето за ризици од корупција на локално ниво
- г-дин Дарко Аврамовски, правен истражувач во Коалиција Сите за правично судење
- 12:30-13:10 Излагање на панелисти
- г-дин Кирил Ристовски, претседател на Центар за еколошка демократија „Флорозон“ Скопје
- г-дин Филип Даскаловски, советник и координатор на советничка група на СДСМ и Коалицијата
- г-дин Тони Јаревски, советник и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
- г-ѓа Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата
- 13:10-13:30 Дискусија
Модератор на настанот ќе биде Лејла Тутиќ, координаторка на проектот во Коалиција „Сите за правично судење“.
Тркалезната маса ќе можете да ја следите на следниов линк.
Настанот е дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“ кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, имплементиран од Ист Вест Менаџмент Институт, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД). Проектот се реализира во пет општини: Дојран. Охрид, Прилеп, Желино и Карпош за периодот од 1.03.2020 до 31.03.2021 година.