Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 18 февруари 2022 година, со почеток од 11 часот, по повод одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда, ЛАГ Агро Лидер со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе организира тркалезна маса на тема „Еднаквост и социјална правда“.

Целта на овој настан е да се промовира концептот на социјална правда преку актуелизирање на потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност, подигнување на информираноста, и охрабрување за поактивно учество на граѓаните за остварувањето на принципите на социјална правда кои се предуслов за просперитетно и хумано општество.

Настанот ќе биде хибриден поради КОВИД-19 пандемијата.

Бројот на лица со физичко присуство е ограничен, и затоа Ве замолуваме навремено да се пријавите (преку контакт е-маил адресата lagagrolider@gmail.com или на телефон 078 393 900) доколку Вашето учество биде со физичко присуство.

Настанот може да го проследите преку ZOOM платформата на следниот линк.

Meeting ID: 845 4187 0461

Агенда еднаквост и социјална правда

Говорници: