Независниот академски синдикат (НАкС) организира трибина насловена ,,Улогата на синдикатите за високо образование во современите општества“ во која ќе земат учество синдикални лидери од регионот.
Трибината е дел од проектот ,,Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“ кој Независниот академски синдикат (НАкС) го спроведе со поддршка на ФООМ.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ
ГОСТИ: проф. Петар Перван (Nezavisni Sindikat Znanonosti i Visokog Obrazovanja), проф.Горазд Ковачиќ (Visokošolski Sindikat Slovenije – VSS) и проф. Томислав Живановиќ (Nezavisnost – Granski Sindikat Prоsvetnih Radnika Srbije) и проф. д-р Елена Џукеска (Независен академски синдикат)
Датум: 25.09.2020 год.
Час: 17.30 до 20.00 часот
Место: Онлајн
Дебатата ќе биде пренесувана преку Фејсбук страната на Независниот академски синдикат.
Линкот и деталните информациите ќе бидат објавени на станицата на Независен академски синдикат: https://www.facebook.com/Nezavisen.akademski.sindikat/
МОДЕРАТОРИ: проф. д-р Мира Беќар и доц. д-р Весна Попоска
17.30 – Претставување на учесниците
17.40 – Почеток на дискусиите на следните теми:
– Улогата на синдикатите за високо образование во модерното општество
– Финансирање во високото образование и финансиска автономија
– Креирање на Колективен договор и валоризација на интелектуалниот труд
– Резиме на истражувањата спроведени од некои од синдикатите
19.30-20.00 – Прашања и одговори. Прашањата ќе бидат поставувани во четбокс (во нишката за дискусија, не со вклучување во живо)
За проектот Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ:
Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на Независниот академски синдикат (НАкС) и да се зголеми неговата видливост преку утврдувањето на финансиската транспарентност и отчетност во високото образование и наука во РСМ. Од исклучителна важност е зајакнувањето на улогата на Синдикатот во процесите на одлучување поврзани со финансирањето на високото образование и наука како и зајакнувањето на неговите преговарачки капацитети во однос на прашањето за валоризацијата на трудот на вработените во овие сектори и на потпишување Колективен договор.
Во рамките на проектот се анализираа правните акти поврзани со финансиската транспарентност и отчетност во високото образование во РСМ, како и буџетите на РСМ, на МОН и на одделните образовни институции, беа реализирани интервјуа за улогата на академските работници и на синдикатите на академските работници во одлучувањето поврзано со финансиите и беше анализиран степенот на задоволство на вработените во високото образование и науката како и перцепцијата на пошироката јавност кон наставно-научниот кадар.