Мрежата за заштита од дискриминација Ве поканува на Јавна дебата за предизвиците во спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Настанот ќе се оддржи на 27.9.2019 (петок), со почеток од 11.00 часот Конференциска сала I на Хотел Арка.
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се донесе во мај 2019 година, а спроведувањето на законот сé уште не е започнато. Од една страна, досегашниот состав на Комисијата за заштита од дискриминација престана со работа, а новиот состав сé уште не е избран од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Поради ова, граѓаните не можат да добијат ефикасна заштита од дискрминација, особено доколку истата се случува во приватниот сектор.
Во изминатиот период бевме сведоци на чест сексистички говор од страна на јавни личности и од страна на медиумите. Во состојба во која Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сé уште не е формирана, согласно новиот закон, немаме институционални механизми пред кои можеме да ги пријавиме овие случаи.
На настанот ќе бидат презентирани активностите и целите на Мрежата за заштита од дискриминација во рамки на проектот „ЗСЗД под лупа: Следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
АГЕНДА
10.45- 11.00 Пристигнување
Сексистички говор во јавниот дискурс – Цели и активности на Мрежата за заштита од дискриминација: Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини
11.30 – 12.00 Дебата
12.00 Коктел
Ве покануваме да присуствувате на настанот и заеднички да дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме во врска со спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
***Проектот „ЗСЗД под лупа: Следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.