Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ве покануваме на секторска консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за правда и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“, која ќе се одржи на 27.01.2021 (среда), со почеток во 10 часот во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“.

Консултацијата ќе биде организирана онлајн на веб платформата ZOOM, на следниов линк.

На секторската консултација свој осврт околу работата на Секторската работна група за правда ќе дадат г-ѓа Данче ДАНИЛОВСКА-БАЈДЕВСКА, Програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија, г-дин Бојан МАРИЧИЌ, Министер за правда, г-дин Никола БЕРТОЛИНИ, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-дин Миша ПОПОВИЌ, Координатор на програма за добро управување, Институт за демократија и г-ѓа Маја СТОЈАНОСКА, Програмски координатор за меѓународна соработка, Институт за човекови права.

Оваа секторска консултација е дел на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации. На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик.