Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ на 02.03.2021 година ќе организира секторска консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за животна средина и климатски промени и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“.
На настанот ќе биде претставен Извештајот во сенка од следењето на работата и ефектите на СРГ за животна средина и климатски промени јануари 2019 -февруари 2020 година и ќе се дискутира за начините за унапредување на работата на оваа СРГ и за зголемување на соработката со граѓанските организации.
На секторската консултација што ќе се одржи на веб платформата ZOOM со почеток во 10 часот ќе дискутираат министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, претставник на Делегацијата на ЕУ, извршната директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, Фани Каранфилова Пановска, истражувачот од Реактор – Истражување во акција, Блажен Малевски и извршната директорка на Еко Свест, Ана Чоловиќ Лешоска.
Секторската консултација ќе можете да ја следите на следниов линк.