Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ организира секторска консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за реформа на јавната администрација и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“, која ќе се одржи на 01.02.2021 (понеделник), со почеток во 10 часот.

Консултацијата ќе биде организирана онлајн на веб платформата ZOOM, на следниов линк

На секторската консултација свој осврт околу работата на Секторската работна група за реформа на јавната администрација ќе дадат Нада Наумовска, Постара програмска координаторка, Фондација Отворено Општество – Македонија, Јетон Шаќири, Министер за информатичко општество и администрација, Марија Мирчевска, Програмска координаторка Фондација Отворено Општество – Македонија и Неда Малеска Сачмароска, Извршна директорка, Центар за управување со промени.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик.