Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Македонија од Букурешт до Преспа“ е публикација втемелена на сведоштва. Сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“.  Но, зборникот не трагата на загубеното време. Зборникот е тука за да ја зачува таа деценија во колективната меморија на граѓаните и да остави печат за едно време кое не сакаме никогаш да се врати и повтори.

Букурешт 2008 – Преспа 2018 е особено важна историска отсечка. Од една страна, Букурешт и политиките по него означија дефинитивен почеток на недемократската власт, на брановите национализам, популизам и постојаното оцрнување на сите оние кои размислуваат поинаку. Од друга страна, Договорот од Преспа требаше да означи почеток на реалните надежи втемелени на потребата за подобра, подемократска, попросперитетна држава, интегрирана во ЕУ. Иако, од денешна гледна точка равенката не е еднозначна и нашиот пат кон ЕУ сè уште е неизвесен, со помош на овој Зборник, по поголема историска дистанца, идните генерации, ќе можат да се навраќаат и да го вреднуваат постигнатото и непостигнатото во овој период и да извлечат вредни лекции и поуки.

Текстовите во зборникот се сведоштва, а текстописците се сведоци на тоа време. Авторите Васко Маглешов, Катерина Блажевска, Љупчо Поповски, Милка Смилевска, Владимир Милчин, Билјана Бејкова, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Сашка Цветковска, Менче Атанасова-Точи, Дејан Азески, Гордана Дувњак, Искра Новаковска и Назим Рашиди се релевантни пишувачи, и професионално, но и во тестимонијална и етичка смисла. Луѓе коишто, пред сè, со својот збор, а некои и со активистичка работа се вградиле во објаснување на природата на претходниот режим, но и во неговото демонтирање.

Придружете ни се во Даут Пашин Амам, заедно да ја проследиме промоцијата на зборникот „Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“. На промоцијата ќе говорат: