Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Блупринт групата за реформи во правосудството организира на настан за промоција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2021“ финансиски поддржан до Фондацијата Отворено општество – Македонија, кој ќе се одржи на 25-ти мај 2021 година од 13:00 до 14:30 часот.

Настанот е посветен на дискусија врзана со предизвиците во процесот на изготвување  на новата стратегија за реформи во правосудството 2021 со фокус на заштита на правото на здравјето на луѓето во услови на пандемија, а воедно и на промоција на активностите на кои ќе работи Блупринт групата во текот на 2021 година.

Воедно, на настанот ќе се промовира и новиот концепт во работењето на Блупринт групата која во следниот период ќе се фокусира паралелно и на следење и оценка на влијанието на реформите во судството врз заштитата на човековите права, здравјето на граѓаните, животната средина и обезбедувањето социјална правда.

 

Настанот ќе се одржи преку електронската платформа за комуникација Zoom. https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZUud-2qrj0vHtLrYfM0C88iDaAEsuQbEb3K