Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во среда на 09.12.2019, со почеток во 10 часот ќе се одржи промотивна конференција на првиот „Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика за периодот јануари 2019 – февруари 2020″

Конференцијата ќе биде организирана онлајн на веб платформата ZOOM.

Во првиот панел свој осврт околу новите перспективи на СРГ низ призмата на IPA III и идните преговори со ЕУ ќе дадат г-ѓа Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, Извршна директорка, Фондација Отворено Општество – Македонија, г-дин Никола БЕРТОЛИНИ, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-ѓа Калинка ГАБЕР, Државен Секретар во Секретаријат за европски прашања и г-ѓа Нада НАУМОВСКА, Постара програмска координаторка, Фондација Отворено Општество – Македонија.

Во вториот панел, Блажен МАЛЕСКИ, Истражувач, Реактор – Истражување во акција ќе ги презентира наодите од Извештајот во сенка од следењето на работата и ефектите на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, а свој осврт околу работата на секторската работна група ќе дадат г-ѓа Мила ЦАРОВСКА, Министерка за образование и наука, г-ѓа Јагода ШАХПАСКА, Министерка за труд и социјална политика.

Оваа конференција е дел на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик, а ќе може да ја следите на следниов линк.