Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 25 февруари 2022 година (петок), со почеток во 12 часот, Младински образовен форум (МОФ) ќе одржи промоција на клучните наоди и препораки од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“.

Истражувањето се осврнува на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции а во насока на превенција и санкционирање на дискриминацијата.

Покрај промоцијата на наодите, во рамки на настанот ќе се одржи и куса панел-дискусија во која релевантни претставници на институциите ќе дадат свое видување во однос на наодите и препораките од истражувањето.

Истражувањето е дел од проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Преземете агенда.

Говорници: