Институт ПРЕСПА, ве поканува на виртуелен настан за претставување на извештајот од истражувањето за имиџот на Северна Македонија „Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020“. Виртуелниот настан ќе се одржи на платформата ZOOM, на 10 мај 2021 година, со почеток во 12:00 часот.
Истражувањето „Имиџот на Северна Македонија“ е осмислено како анализа на нормативната рамка за политиките и процесите во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, како и нивната соодветна примена што придонесува за севкупната одржливост и натамошниот развој на државата. Во рамките на истражувањето покрај анализата на нормативната рамка и нејзината примена, а со цел да се утврди прецизно имиџот на Северна Македонија, се следат и ставовите и перцепциите на домашната стручна јавност, како и оние на стручната јавност во државите членки на Европската Унија.
На настанот воведни обраќања ќе имаат извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска и министерот за правда во Владата на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ аговорници ќе бидат и авторите на извештајот
За да се регистрирате за учество на настанот, искористете го следниот линк: https://causetheworld.zoom.us/meeting/register/tJEoc-2pqTksG9wQjZiEMtWRp7E06Lsdh9iR
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „ЕУ Опсерваторија“ спроведен со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.