Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Датум: 29-31 октомври

Локација: Берово

Процесот на пристапување кон ЕУ сам по себе побарува добро познавање на комплексната институционална структура на ЕУ од една страна, но и законодавството во земјата. Затоа е особено важно институциите но и граѓанското општество да бидат на ниво на задачата кога Република Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со Европската Унија. Начелно, иако пристапувањето кон ЕУ, е процес кој е карактеристичен и поинаков за секоја земја кандидат, сепак, регионалните искуства можат да дадат увид и примери кои потенцијално може да имаат практична примена во преговорите. Од тој аспект, регионалните искуства заслужуваат детална анализа за да се извлечат заклучоци кои понатаму би биле од помош на земјата при преговарањето со ЕУ.

Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на преговори во раните фази е од особено значење, со оглед на фактот дека ГО секогаш го имаат на ум интересот на граѓаните и доколку се вклучени, ќе се погрижат процесот да биде можност за вистинска општествена реформа, а не пракса на одбележување на исполнети обврски.

Со цел да ги зголемиме капацитетот и знаењата на граѓанските организации и јавната администрација за процесот на преговори и пристапување во Европската Унија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, во партнерство со Институтот за европски политики (ИЕП) од Берлин и Евротинк – Центар за европски стратегии од Скопје ја организира петтата обука за претставници од граѓанското општество и институциите.

Обуката се одржува од 28-31 октомври во Берово, и е посветена на преговарачката рамка со ЕУ врзана со областа на антидискриминацијата.

Предавачи се:

Luka MADJERIC, Адвокат, поранешен раководител на канцеларијата за фундаментални права во Хрватска и член на работната група за Поглавје 23, Загреб, Хрватска

Katrin WLADASCH, Постар истражувач и раководител на тимот за антидискриминација во Болцман Институтот за човекови права, Виена Австрија

Ines BOJIC, Адвокат, експерт во областа на антидискриминацијата, член на Европската мрежа за еднаквост, Загреб Хрватска