Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Здружението ЗМАИ организира завршен настан “ИНДУСТРИЈА ВО КРИЗА: Предизвиците во текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19”, со поддршка од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.
Настанот ќе биде одржан на 06.07.2021 (вторник), со почеток во 11:00 часот, а преносот ќе може да го следите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=U1krD-fsI34
Агенда:
11:00 – 11:10 Воведно обраќање
Виктор Митевски, Претседател на ЗМАИ
Данче Даниловска Бајдевска, Програмска директорка, Владеење на право и добро управување
11:10 -11:45 Презентација на сознанија од истражување
Виктор Стојкоски, Истражувач во ЗМАИ
11:45 – 12:30 Панел дискусија
м-р Јована Тренчевска, Директорка на Државен инспекторат за труд
г-дин Љупчо Радевски, Претседател на Синдикатот на текстилна, кожарска и чевларска индустрија
г-ѓа Маријана Перковска, Претседателка на Текстилен Кластер
г-ѓа Кристина Ампева, Извршна директорка на Гласен Текстилец
За време на настанот ќе бидат споделени клучните сознанија и наоди добиени од анализа на владините мерки за справување со последиците од кризата во текстилната индустрија и ќе се поттикне дискусија за се она што досега е направено и што може да се направи за да се подобрат условите во текстилната индустрија.