Во петок, 4 декември 2020 ќе се одржи онлајн презентација на резултати од истражување „Менување на антикорупциските наративи“
Истражувањето е дел од иницијативата фокусирана на промена на јавните наративи во поддршка на антикорупциските реформи која се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Open Society-US, Latin America Program и Topos Partnership во нашата земја, САД и Бразил. Во Македонија, ФООМ и Топос соработуваат со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Институт за демократија Социетас Цивилис; Младински образовен форум; Мултикултура; и Коалицијата Сите за правично судење.
Истражувањето имаше за цел да се разбере на кој начин граѓаните во овие три држави размислуваат за корупцијата, но и доброто управување, и како реагираат кога за овие прашања се зборува со различни комуникациски пристапи. Наодите од истражувањете може да помогнат во примената на начини на комуникација на темата корупција кои кај граѓаните ќе поттикнат волја за вклучување во и поддршка на нашите антикорупциски заложби.
Учесници на настанот се локални граќански организации и активистички групи од Битола, Тетово, Штип и Скопје, кои ќе имаат можност да ги слушнат резултатите од истражувањето и да споделат свои искуства и видувања.