Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија континуирано работи на зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

На оваа тродневна обука, параправниците, преку предавања од страна на обучувачите, пополнување на прашалници за проверка на знаењето, но и преку интерактивна дискусија на повеќе теми како што се – извори на правото и системот на државно уредување, семејно и наследно право, постапување со полиција, ОЈО и кривичен суд, семејно насилство како и феноменологија и законска рамка – ќе го совладаат знаењето но и ќе се стекнат со дополнителни знаења кои ќе им се од помош во понатамошната работа.

Обуката е организирана од Здружението ЕСЕ во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија и на истата присуствуваа претставници од граѓанските организации ИРИЗ, Романо Чачипе, КХАМ, Гласен текстилец,  Хелсиншки Комитет, ХЕРА и ХОПС.