Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ве покануваме на перформансот “Место за поддршка – корупција на работно место кај жени”, кој ќе биде изведен во среда 19.05.2021, во 15:00 часот, на улица Вељко Влаховиќ, бр. 7, Центар (просториите до канцеларијата на претседателот на РСМ).

Во фокусот на  овој перформанс е борбата против насилството кое жените го доживуваат на своите работни места. Тој е базиран на сведоштва на околу 500 жени кои ги споделија своите искуства од своите работни  места, во истражување кое беше спроведено во текот на март и април оваа година, преку онлајн истражување, анкета и интервјуа.

“Место за поддршка” е посветен на сите храбри жени кои преку своите сведоштва создаваат простор за поддршка за сите кои се соочуваат со насилство од било каков тип.

Во перформансот играат актерките Емине Халил, Владанка Димковска и Енџи Николоска, во режија на Драгана Гунин.

Идентитетот на сите кои ги споделија своите искуства е заштитен и сите приказни се анонимни и драматуршки прилагодени. Настанот ќе биде спроведен со почитување на здравствените протоколи. Актерите играат зад стакло а публиката  ќе може да гледа однадвор. “Место за поддршка – корупција на работно место кај жени” е реализиран со  поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија.

На овој проект се работи од крајот на 2020 година а на истиот му претходат и искуствата на студентки со сексуално вознемирување од страна на професори на своите факултети.

На овој youtube канал може да ги чуете аудио приказните базирани на искуствата кои жените и девојките ги имале на своите работни места или факултетот на кој студираат.  https://youtube.com/channel/UCq0faHyHSq_a1N7K5I0nQDA

Следете ги активностите на проектот и на:

Instagram https://instagram.com/mestozapoddrska?utm_medium=copy_link

Facebook https://m.facebook.com/mestozapoddrska/?tsid=0.12793044132998443&source=result