Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Датум: 23 септември 2019
Време: 11:00
Локација: Хотел Холидеј Ин

Платформата на граѓански организации за борба против корупција ве поканува на првата конференција на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Конференцијата ќе се одржи на 23 септември, понеделник, во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток од 11 часот.Целта на конференцијата е да се презентира методологијата за набљудување на отчетноста на засегнати институции по одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и нивните подготовки за набљудување на финансирањето на политичките партии. Фокусот кон отчетноста на институциите има за цел да го истражи квалитетот на постапување по препораките на ДКСК за да се подобри климата на подобрување на работата на индивидуалните институции. Само на тој начин, со зголемување на бројот на институции кои се отпорни на корупцијата, можеме да очекуваме одржливо намалување на овој феномен.
АГЕНДА:

11:00 – 11:30 Пристигнување и регистрација11:30 – 11:45 Отворање на конференцијата и поздравни обраќања (Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија „Социетас Цивилис“-Скопје и Данче Даниловска Бајдевска, Постар програмски координатор – Фондација Отворено општество Македонија)11:45 – 12:10 Презентација на методологијата за набљудување (Миша Поповиќ, Постар истражувач во Институтот за демократија)12:10 – 13:00 Прва панел дискусија: Национална стратегија за борба против корупција – опфат и приоритети (модератор: Слаѓана Тасева – Транспаренси Интернешнл)

– Герман Филков (Претседател – Центар за граѓански комуникации)
– Владимир Георгиев (Член на Државна комисија за спречување корупција)
– Ане Лашкоска (Пратеник, ВМРО-ДПМНЕ)
– Дискусија

13:00 – 13:10 Кафе пауза

13:10 – 14:00 Втора панел дискусија: Финансирањето на политичките партии како ризик од корупција (модератор: Александар Јованоски – Хелсиншки комитет)

– Горан Лефков – CIJ SCOOP
– Катица Николовска (Член на Државна комисија за спречување корупција)
– Снежана Калеска-Ванчева (Пратеник, СДСМ)
– Дискусија

14:00 – 14:10 Сесија на резимирање

14:10 – 15:30 Ручек