Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во годишниот извештај на Транспаренси Интернешнал за 2018, Македонија е на дното на листата на Европски земји според степенот на перцепција на корупцијата на граѓаните во земјата. Индексот од 37 е бројка која ја носи земјата многу поблиску до дното, а многу далеку од земјите како Данска, Нов Зеланд и Финска чиј индекс изнесува во просек околу 86 поени. Според извештајот, Македонија бележи напредок од два индексни поени (од 35 на 37) што значи и скок од 14 места во однос на 2017, односно од 107 на 93 место.

Веќе долго време корупцијата претставува сериозен проблем кој го оневозможува развојот на демократијата во Македонија, а во услови на нефункционална Антикорупциската комисија, алатките за борба против високата корупција која владее во земјата се практично непостоечки.

Овие предизвици за Македонија во борбата против корупцијата ќе бидат предмет на дискусија на конференцијата на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ која ќе се одржи на 12 декември кога и се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Конференцијата е во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во која членуваат вкупно 16 граѓански организации.

Говорници:

Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија
Рената Дескоска, Министерка за правда
Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија
Розета Трајан, Генерална секретарка во Државната комисија за спреување на корупцијата
Ана Павловска Данева, Шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО
Вилма Русковска, шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје
Маргарита Цаца Николовска, судијка во Уставниот суд на Босна и Херцеговина
Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци
Беса Арифи, Професор, Универзитет на Југоисточна Европа (ДСП)
Џес Л. Бејли, Амбасадор на САД во Македонија
Сабина Факиќ, програмски директор во Центарот за граѓански комуникации
Емина Нурединоска, раководител на секторот за граѓанско општество во Македонски центар за меѓународна соработка