Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 23 февруари 2022 година (среда), со почеток во 10.30 часот, во х. Александар Палас – Скопје, ќе се одржи конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележување на десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Министерство за информатичко општество и администрација, Центарот за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, кои партнерски го спроведуваат проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“.

На конференцијата присутните ќе се осврнат на придобивките од процесот на Партнерство за отворена власт и важноста на вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес; ќе дадат преглед на процесот во кој беа утврдени приоритетните области при ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 (НАП за ПОВ 2021-2023); ќе ги споделат плановите за спроведување и следење на заложбите на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023; и секако ќе се осврнат на одбележување на десетгодишнината на процесот на Партнерство за отворена власт во Северна Македонија. Се надеваме дека на конференцијата ќе биде поттикната и дебата и соработка меѓу сите заинтересирани страни кои се вклучени во процесот на ко-креирање, спроведување и следење на НАП за ПОВ 2021-2023.

Работен јазик на конференцијата е македонскиот јазик, а ќе биде обезбеден симултан превод на албански и англиски јазик и обратно. На конференцијата ќе бидат запазени сите протоколи за Ковид-19. Потребно е присутните при регистрацијата да приложат сертификат за завршена вакцинација.

Регистрирајте го Вашето присуство на следниов линк.

Програма за работа.

Агенда POV 2

Агенда POV 2

Говорници: