Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Намалувањето на квалитетот и назадувањето на демократските процеси и практики е неповолен повеќегодишен тренд како во развиените, така и во демократиите кои се во процес на созревање и опоравување. Сè поприсутно е растечкото незадолство, но и заситеноста на граѓаните од  неефективните форми на учество, што резултира/создава пасивно и апатично граѓанство. Опаѓаат, исто така, високите очекувања за достигнувањата на застапувачките напори на граѓанските организации за суштинска промена на политиките. Незадоволстото од неповолните трендови и состојби, покрај со неучество се изразува и преку протести. Огромна е низата на форми на притисок врз властите и институциите.

Се зголемува бројот на организации, активистички јадра и платформи за активистичко дејствување, кои користат разни медиуми и алатки, преку акциите со куси и јасни пораки, имаат цел да предизвикаат интерес за ангажман и кај пошироката јавност, специфичните публики и властите. Јавниот простор, вклучително и социјалните мрежи, се сè поатрактивни и за властите и за активистите. Сè повеќе креативниот активизам, самостојно или во комбинација со постоечки форми на граѓански притисок и застапување, станува форма на ангажман преку кој се поттикнуваат и создаваат услови за промени како на конкретните и актуелни политики, така  и на културните и политички орентирани практики.

Овој настан е обид да се иницира систематско отсликување на артивистичкиот простор во Македонија со цел да се лоцираат актерите и форматите на дејствување, да се препознаат идеолошките, стратешките и тактички искуства и идни чекори на креативниот активизам кој е насочен да влијае врз општествените промени.  Лоцирана е и потребата да се забележат и анализираат факторите на успешност на овие ангажмани. Еднакво важно е да се разменат научените лекции како на традиционално ангажираните уметници и активисти, така и на оние кои се нови на сцената. На конференцијата ќе присуствуваат активисти и теоретичари од регионот  и со тоа овој обид ќе биде и можност за создавање платформа за меѓусебно запознавање, препознавање, поддршка, развивање и иницирање на идни артивистички дејствувања.

 

ПРОГРАМА

 

09:30 – 10:00     Регистрација на учесниците

10:00 – 11:10   „Креативниот активизам за/и општествени промени – само тренд или препознаена потреба со иднина?

Модератор: Владимир Јанчевски

 

11:10 – 11:30     Пауза за кафе муабет

 

11:30 – 13:00     Панел дискусија „Креативниот активизам во Македонија: што научивме од тоа што направивме?“

Модераторка: Калиа Димитрова

 

13:00 – 13:30     Распоредување за паралелни панел дискусии и закуска

 

13:30 – 15:00     Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело – одземање/заземање на јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (прв дел)

 

Стрит арт и урбани акции

Модераторка: Слободанка Стевчевска

 

Социјални мрежи – мегдан или мобилизаторска алатка

Модератор: Горан Костовски

 

15:00 – 15:30     Пауза

 

15:30 – 17:00     Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело – одземање/заземање на јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (втор дел)

 

До публиките со уметност за промени

Модераторка: Александра Бубевска

 

Со слика до акција

Модератор: Бошко Караџов

 

17:00 – 17:45     Граѓаните и заедниците со креативен ангажман сојузници во промените кои носат подобро утре за сите”

Завршен осврт, дискусија и препораки: Искра Гешоска, Контрапункт, Скопје

 

17:30 – 20:00

Работилници „Магија за промена“

Претстава „Не плаќам“, режија: Бесфорт Идризи

 

Забава и коктел