Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството организира конференција на тема „Унапредување на реформите во правосудството – Кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем“.
Конференцијата ќе се одржи на 29 Март 2022 година со почеток од 11:00 часот како хибриден настан во Хотел Александар Палас Скопје и со online учество преку платформата Zoom.
Конференцијата се организира по повод Денот на македонското правосудство (31 Март 2022) како завршен настан на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целта на конференцијата е да поттикне дебата помеѓу правосудните институции и граѓанските организации заради идентификување на мерки неопходни за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем во пресрет на отпочнувањето на процесот за изработка на нов стратешки документ за реформи во оваа област.
На конференцијата ќе се презентираат и клучните наоди и заклучоци од Извештајот во сенка за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството во 2021 година кој беше изработен од Блупринт групата.
На истата ќе биде обезбеден е превод на македонски, албански и англиски јазик.
Сите заинтересирани учеството во живо на настанот може да го потврдат своето присуство на egeorgievska@myla.org.mk.
За следење на конференцијата online неопходна е претходна регистрација на следниот линк.
Агенда за настанот може да се преземе тука: Агенда
Говорници: