Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ве каниме да присуствувате на јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) што ќе се одржи во сабота, 27. ноември 2021 год. со почеток од 11.00 часот во Хотел „Карпош“ (ул. Шекспитова бр.2, Скопје).

Документот за јавни политики насловен „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“ е изработен во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ од експертскиот тим на Независниот академски синдикат (НАкС). Автори на документот се проф. д-р Мирјана Најчевска, проф. д-р Драгор Заревски, проф. д-р Бојана Наумовска, доц. д-р Бисера Станкова и м-р Љуан Имери.

Документот за јавни политики ќе го презентираат проф. д-р Мирјана Најчевска, проф. д-р Драгор Заревски и доц. д-р Бисера Станкова. По претставувањето на документот ќе биде организирана дискусија за презентираните наоди и препораки.

Во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ раководен од НАкС изработени се три документа за јавни политики и тоа: (1) документ за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“ што беше јавно претставен на промоцијата одржана во Хотел „Карпош“ во четврток, 18.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот, (2) документ за јавни политики „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“ што беше јавно претставен на промоцијата одржана во Хотел „Карпош“ во недела, 21.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот и (3) документот за јавни политики „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“ што ќе биде јавно претставен на промоцијата што ќе се одржи во Хотел „Карпош“ во сабота, 27.11.2021 год со почеток во 11.00 часот. Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.

 

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

Датум: 27.11.2021 год. (сабота)

Час: од 11.00 до 12.30 часот

Место: Хотел „Карпош“ – Сала: Затворена тераса (ул. Шекспирова, бр.2, Скопје)

 

11.00 – Воведен збор – проф. д-р Драгор Заревски

11.15 – Пауза

11.20 – Презентирање на документот за јавни политики – проф. д-р Мирјана Најчевска и доц. д-р Бисера Станкова.

11.55 – Пауза

12.00 – Дискусија

12.20 – Завршен збор

Согласно важечките протоколи препорачани од Министерството за здравство за одржување јавни настани во услови на пандемија при влез во објектот посетителите ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација или потврда за прележан ковид-19  во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.

Документите за јавни политики креирани во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на НАкС – www.naks.org.mk. – https://naks.org.mk/proekti/

Говорници: