Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Независниот академски синдикат (НАкС) Ве кани да присуствувате на јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“ која ќе се одржи во Хотел „Карпош“ во недела 21.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот

Документот за јавни политики „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“ е изработен во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ од експертскиот тим на Независниот академски синдикат (НАкС). Документот за јавни политики ќе го презентираат авторите проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Бојана Наумовска и доц. д-р Јован Близнаковски. По претставувањето на документот ќе биде организирана дискусија за презентираните наоди и препораки.

 

АГЕНДА

Датум: 21.11.2021 год. (недела)

Час: од 11.00 до 12.30 часот

Место: Хотел „Карпош“ – Сала: Затворена тераса (ул. Шекспирова, бр.2, Скопје)

 

11.00 – Воведен збор – проф. д-р Петар Атанасов

11.15 – Пауза

11.20 – Презентирање на документот за јавни политики – проф. д-р Бојана Наумовска и доц. д-р Јован Близнаковски

11.55 – Пауза

12.00 – Дискусија

12.20 – Завршен збор

Согласно важечките протоколи препорачани од Министерството за здравство за одржување јавни настани во услови на пандемија при влез во објектот посетителите ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.

Документите за јавни политики креирани во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на НАкС – www.naks.org.mk. – https://naks.org.mk/proekti/

***

Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.

Говорници: