Коалиција МАРГИНИ со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија организира изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска, на 16.12, недела, во 20:00ч во Кафе и филм Котур (позади Рекорд). Ова е првата изложба на фотографии од неколку трансродови девојки од Македонија и е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans.
Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур. „Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано.