Проект: “Зајакнати системи за интегритет на локално ниво”
Цел на проектот:
Да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво со
зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и судир на интереси, а
преку (1) воведување на системи на интегритет во пет општини; и (2) зголемување на
граѓанската вклученост во борбата против корупцијата и судирот на интереси, особено
на ранливите категории на граѓани, преку зголемување на обемот на пријавени
случаи, а со овозможување на правна помош и информирање.
Партнерски организации:
ЕХО Штип, Станица ПЕТ Прилеп, Избор Струмица, КСПС Скопје, Мултикултура Тетово.
Локации:
Општини Охрид, Прилеп, Дојран, Карпош, Желино
Очекувани резултати:
- Усвоени планови за интегритет во пет општини;
- Основани работни групи за интегритет во пет општини;
- Донесен подзаконски акт со кој се регулираат интерните механизми за
пријавување на случаи на корупција и судир на интереси во пет општини; - Спроведено истражување на јавното мислење за распространетоста на
корупцијата и судирот на интереси во пет општини; - Опфатени 5.000 граѓани со едукативна кампања за препознавање и
пријавување корупција и судир на интереси во пет општини; - Овозможена правна помош на граѓани во пет општини со цел пријавување на
корупцијата или судир на интереси кај надлежните институции.
Буџет: 140.000 долари
—————————————————
15 јануари 2021