Поддршка на процесот за ко-креирање на Националниот акциски план за Отворено владино
партнерство 2021-2023
Цели на проектот:
Општа цел на проектот е зајакнување процесот на ко-креација обезбедувајќи
поамбициозен Национален Акциски план (НАП) за Отворено владино партнерство
(ОВП) 2021 – 2023.
Специфични цели: Подобрување на дизајнот и амбициозноста на НАП, преку насочени
тематски консултации и (онлајн) работилници; Подобрување на квалитетот на
ангажманот и дијалогот за ко-креација, преку ангажирање нови претставници на
Владата, Мрежата на граѓански организации ОВП и меѓународни партнери. Особено,
поттикнување за вклучување на недоволно застапените групи, жени, млади и ромска
заедница; Зајакнување на процесот на консултации и приоретизирање на заложбите;
Подготовка и следење на усвоениот НАП преку работните групи на Мрежата на
граѓански организации за ОВП.
Партнерски организации:
Центар за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и
еднаквост на жените – ЕСЕ, со поддршка од Министерството за информатичко
општество и администрација (МИОА)
Очекувани резултати:
- Функционална соработка и обезбедена техничка поддршка на Советот за
соработка помеѓу граѓанските организации и јавните институции и
воспоставени политики и процедури за работење, како и спроведување на
својот редовен мандат во координација со Националната координаторка за
ОВП за поддршка на проектните активности; - Развиени материјали и спроведени активности за информирање на граѓанските
организации и општата јавност за принципите, можностите и придобивките од
процесот на ОВП; - Развиен прашалник за оценување и постигнувањата со претходниот НАП за
ОВП; - Развиени постапка и временска рамка за спроведување на консултации за
подготовка на новиот (петти) НАП за ОВП; - Развиени критериуми за селекција на заложби при подготовка на петтиот НАП
за ОВП; – Спроведена онлајн информативна средба за едукација за ОВП
процесот; - Подготвени и одржани консултации за идентификување, развој и
приоретизирање на заложби за петтиот НАП за ОВП; - Обезбеден придонес за потребите на маргинализираните групи во процесот на
подготовка на акцискиот план; - Развиен и спроведен прашалник помеѓу маргинализирани групи на граѓани и
консултации со релевантни институции и засегнати страни за унапредување на
дизајнот на заложбите; - Подоготовени заложби во рамки на приоритетните области и финализирање на
петтиот НАП за ОВП; - Развиен НАП за ОВП за 2021-2023;
- Развиени индикатори за мерење на успехот од реализација на заложбите, како
и воспоставување на механизам за следење на спроведувањето на усвоените
заложби во петтиот НАП преку работните групи на Мрежата на граѓански
организации за ОВП; - Развиени и електронски публикувани студии на случај за приоритетните
области Испорака на јавни услуги и Транспарентност, отчетност, проактивност и
инклузивност; - Обезбедена видливост преку промоција на активностите и резултатите на веб
страните и социјалните медиуми на трите партнерски организации, преку веб
страната на МИОА, а особено преку порталот на МИОА за ОВП кој се очекува
при крајот на ноември 2020 да биде активен за употреба.
Буџет: 10.000 долари
„Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023“
Термин на реализација: 1 септември 2021 г. – 28 февруари 2023 година
Цел на проектот и очекувани резултати:
Општа цел на проектот е фасилитирање на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП) за спроведување и следење на Националниот акциски план за ОВП 2021-2023 (НАП за ОВП 2021-2023).
Специфични цели на проектот:
- Обезбедена навремена и квалитетна имплементација на НАП за ОВП 2021-2023 преку зголемена соработка и координација меѓу владата и граѓанското општество во земјата;
- Зајакнат процес за имплементација на заложбите од НАП за ОВП 2021-2023;
- Подобрен квалитет на вклученост на засегнатите страни и одржан дијалог за време на имплементацијата на НАП за ОВП 2021-2023;
- Одржлива вклученост и подобрување на мониторингот во текот на спроведување на заложбите од НАП за ОВП 2021-2023 и
- Зголемена јавна свест за достигнувањата во имплементација на НАП за ОВП 2021-2023
Партнери:
Центар за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА)
Очекувани резултати:
- Развиен унапреден транспарентен и инклузивен пристап при имплементација на НАП за ОВП 2021-2023;
- Обезбедена политичка поддршка на високо ниво за имплементација на НАП за ОВП 2021-2023;
- Подобрен квалитет на партнерство помеѓу владата и граѓанското општество преку зајакнување на Мрежата на граѓански организации на ОВП (73 граѓански организации-членки);
- Координирана имплементација на НАП за ОВП 2021-2023 со вклучување на судска и законодавна власт;
- Поддржана координација на одговорните институции спроведување на заложбите и подносителите на заложби преку Работни групи, како и координација помеѓу Советот за ОВП и одговорните институции за да се обезбеди отворена комуникација за време спроведување на заложбите;
- Зајакнато вклучување на членовите на Советот за ОВП при имплементација на НАП за ОВП 2021-2023;
- Континуирана активност на Советот за ОВП во мониторинг и имплементација на заложбите во НАП за ОВП 2021-2023;
- Обезбедена вклученост на граѓански организации (ГОи) во поддршка и следење на имплементацијата на НАП за ОВП 2021-2023;
- Навремено информирана јавност, засегнати страни, ГОи и сите вклучени и не вклучени страни, медиуми и недоволно застапените групи за содржината на НАП за ОВП 2021-2023, како и за ОВП иницијативата;
- Навремено информирана Мрежа на ГОи за ОВП, членови на Советот за ОВП, одговорните институции спроведување на заложбите и подносителите на самите заложби;
Обезбедена видливост преку промоција на активностите и резултатите на веб страните и социјалните медиуми на трите партнерски организации, преку веб страната на МИОА и преку онлајн порталот www.ovp.gov.mk
Буџет: 50.000 УСД
—————————————————
15 јануари 2021