Со оглед на здравствената криза која се наоѓаме, најбезбедно е граѓаните да останат дома, но сепак, доколку имаат неодложни обврски, и мораат да излезат од своите домови, треба да ги следат препораките на надлежните. Ова е најчестиот совет за заштита од пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
Поради новите мерки за ограничување на движењето, како и во другите делови од државата, во полошкиот регион се создаваат долги редици пред банките. Бројката на луѓе кои чекаат ред без соодветно растојание достигнува и до педесет лица. За да се избегнат турканици и групирање, Уметничката акција „Заштити се и заштити ги и другите” која е изработена од група уметници, активисти, апелира до граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само кога е неопходно и притоа да внимаваат на времето и ограничувањата за движење.
Групата активисти оттаму посочуваат дека во соработка со банките бараат решенија за да се надминат проблемите од деновиве, кога редици граѓани чекаа исплатата на пензии и социјална помош. Табли со пораките “Носи медицинска маска!“, “Мијте ги рацете!“, “Држете дистанца од 2 метри!“ се поставени пред банките во Тетово се со цел луѓето да одржуваат лична хигиена, да стават маски и да држат растојание.
Акцијата е изработена без директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапно и секвенцијално од страна на различни автори.
Акцијата „Заштити се и заштити ги и другите”” е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
17 април 2020