Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Започна кампањата „Системот треба да функционира за да не корумпира“ во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво„

Едукативната кампања има за цел да ја информира јавноста за важноста на вклученоста на граѓаните во борбата против корупцијата и судирот на интереси но и да ги мотивира граѓаните да пријавуваат корупција. Вклученоста на граѓаните во оваа секојдневна борба е клучно за справување со негативните последици од корупцијата и судирот на интереси. Негативните последици пак се бројни: корупцијата го забавува економскиот развој, ги поткопува институциите, правната држава и владеењето на правото, создава нерамноправност на граѓаните, ја намалува довербата на граѓаните во системот.

Кога зборуваме за корупција, традиционалните комуникациски пристапи, често предизвикуваат кај публиката разочараноста, цинизам, немоќ, недоверба во институциите и системот, дури и дефетизам. Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон промена на наративот за корупцијата и судирот на интереси, односно промена на ставот дека корупцијата не може да се искорени или пак дека државните органи нема да постапат по пријавена корупција. Генерално, кампањата ќе се обиде да ги инспирира граѓаните да го согледаат проблемот со корупција и судир на интереси од поинаков агол: институциите во Северна Македонија ќе работат во интерес на граѓаните, само доколку граѓаните активно бараат од институциите навремено и законски да ја завршат својата работа.

За проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“

Проект „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“ го реализира Фондација Отворено општество – Македонија во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, имплементиран Ист Вест Менаџмент Институт, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД). Проектот се реализира во пет општини: Дојран. Охрид, Прилеп, Желино и Карпош за периодот од 1.03.2020 до 31.03.2021 година.

Целта на проектот е да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво со зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и судир на интереси, а преку (1) воведување на системи на интегритет во пет општини; и (2) зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата и судирот на интереси, особено на ранливите категории на граѓани, преку зголемување на обемот на пријавени случаи, а со овозможување на правна помош и информирање.

—————————————————

11 март 2021