Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во текот на претходната учебна 2020/2021 преку ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ се одржаа серија онлајн обуки – вебинари, сите на теми кои им беа потребни на наставниците, наставниот кадар, родителите/старателите на деца кои следеа настава на далечина, стручните служби и менаџментот на училиштата во нашата земја.

На истите учесниците имаа можност да се вклучат и во живо, преку коментари, e-mail пораки, а дел од нив и ја искористија оваа можност. Онлајн настаните беа снимени, и снимките се достапни за прегледување на Facebook страницата на ООР на следниот линк: https://www.facebook.com/oermacedonia

Покрај тоа, сите ресурси кои се созадени во рамки на ООР секогаш се лиценцирани со отворена, Криејтив Комонс лиценца, и се слободни за употреба, модификување, и споделување со единствено почитување на условот за наведување на извор. Во продолжение можете да ја погледнете кратката визуелизација на најважните податоци кои произлегоа во текот на спроведувањето на проектот, заклучно почетокот на овој месец.

—————————————————

7 јули 2021