Во рамки на концептот Образование на помалобројните етнички заедници, нашата партнерска организација Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го изработи второто од планираните три видеа на тема „ГОВОРИМЕ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ“.
Второто видео се осврнува поконкретно на влијанието на Ковид-19 врз менталното здравје и во него неколку експерти и практичари даваат свои видувања за менталното здравје во време на КОВИД: Проф. Д-р Димитар Боневски, Прим. Д-р Мери Бошковскa, Проф. Д-р Александра Каровска, Проф. Д-р Огнен Спасовски, училиштен психолог Ана Попризова и психолог психотерапевт Радмила Живановиќ.
—————————————————
23 март 2022