Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Средба на ФООМ со Заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања

На 11 февруари 2022 година, претставници на Фондацијата Отворено општество – Македонија остварија средба со Заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, господин Бојан Маричиќ, со цел продлабочување на заедничките заложби за структурен дијалог со граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграциите. Главен фокус на средбата беше унапредувањето на учеството на граѓанските организации во Секторските работни групи преку ревидирање на нивните деловници за работа. Пред Заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања го презентиравме Предлог-моделот за избор и учество на граѓанските организации во Секторските работни групи, изработен во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“. Усвојувањето на Предлог-моделот и измената на деловниците за работа на Секторските работни групи се како дел од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество за 2022 – 2024.

По иницијалната средба со новото раководство на Секретаријатот за европски прашања, ќе следи доработка на Предлог-моделот а потоа и презентација и консултации со Советот за соработка со и развој на граѓанското општество и со граѓанските организации. Идејата за предлог-моделот е предвидлива и јасна постапка за избор и учество на граѓанските организации во секторските работни групи; зголемена транспарентност на севкупното работење на Секторските работни групи и подобрена можност за суштински придонесе на граѓанските организации во Секторските работни групи.

—————————————————

15 февруари 2022