Во периодот 5-7 декември 2022 година во Охрид беше организирана работилница за креирање на Национален план за правно зајакнување. На работилницата учествуваа 20 учесници од Министерството за правда и Подрачните одделенија, Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа, како и претставници на граѓанските организации кои обезбедуваат правна и параправна помош за ранливите групи граѓани.
Целта на работилницата беше подготовка на Национален план за правно зајакнување во кој се содржани потребите на обезбедувачите на услуги, како и потребите на граѓаните. Планот е насочен кон неколку стратешки приоритети кои ќе придонесат кон унапредување на пристапот до правда за сите граѓани. Преку работа во групи учесниците успеаја да развијат цели, активности и следни чекори кои ќе бидат опфатени во планот.
Работилницата е дел од петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт во рамки на заложбата 4.4 Правно зајакнување на граѓаните преку достапни информации и отворени институции. Воедно, работилницата и целокупниот процес на креирање на Националниот план за правно зајакнување е во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т., а финансиски е поддржан од Европската Унија.
—————————————————
2 февруари 2023