Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права Коалиција „Сите за правично судење“ на 10.12.2020 година одржа промотивен настан пред Основниот кривичен суд во Скопје. Со овој настан, Коалцијата се обиде да придонесе кон подигањето на свеста за стандардите за правично судење.

Пред Основниот кривичен суд во Скопје, како еден од најголемите судови во Република Северна Македонија со најголема фреквенција на граѓани беше поставен штандот и беа поделени промотивни материјали како и прирачник на граѓаните. На промотивните материјали кои ги добија граѓаните на овој настан се со отпечатени пораки поврзани со правата на граѓаните кои се однесуваат на начелото на правично и фер судење, правото на јавност како и други информации поврзани со правата на граѓаните во судските постапки. Прирачникот „Прв пат во суд“ – кривична постапка пак, е наменет за граѓаните коишто немаат информации и насоки како треба да се однесуваат во суд доколку бидат повикани. Овој прирачник дава насоки и препораки на граѓаните кои немаат доволно познавање од областа на правото, а имаат потреба од пристап до правда за заштита на нивните права во судска постапка.

Настанот се спроведе во рамки на проектот „Системски мониторинг на кривични судски постапки“ финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. Целта на овој проект е поддршка на судските реформи насочени кон целосно исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23 преку оценување на ефикасноста на кривичната правда во основните судови и следење на практичната имплементација на процесните гаранции поставени во Законот за кривичната постапка и меѓународно прифатените стандарди за фер и правично судење. Проектот цели и кон зголемена транспарентност на судовите на институционално ниво преку зајакнување на правото на јавно судење во основните судови, како една од компонентите на стандардите за фер и правично судење како и  подигнување на свеста за стандардите на правично судење преку иницирање на јавни дебати и застапувачки активности за надминување на детектираните состојби.

—————————————————

10 декември 2020