Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Центарот за климатски промени – Гевгелија на 16 декември 2022 г. го промовираше вториот Извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени. Извештајот ја анализира состојбата со усогласувањето и спроведувањето на законодавството за животна средина и клима во 2022 година во Република Северна Македонија и дава препораки за надминување на недостатоците. Овој Извештај ја претставува оценката на граѓанските организации за статусот на приближување на законодавството на Европската Унија за животната средина и климатски промени во Република Северна Македонија.

Извештајот е изработен во рамките на Платформа 27 – неформална мрежа на граѓански организации кои работат во областа на животната средина и климатските промени. Платформа 27 е формирана во 2020 година, од страна на Центар за климатски промени, организација која ја координира работата на Платформа 27. Подготовката на вториот извештај во сенка за Поглавје 27 се реализираше во рамки на проектот „Анализа на напредокот на усогласеноста и имплементацијата на ЕУ законодавството за животна средина и климатски промени со националното законодавство”, спроведуван од Центар за климатски промени со финансиска поддршка на Фондација отворено општество Македонија (ФООМ). Извештајот во сенка за Поглавје 27 е изработен во соработка со Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест и Македонско еколошко друштво.

Целосниот текст на извештајот може да го преземете овде (македонската верзија | англиската верзија).

—————————————————

25 јануари 2023