Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Независниот академски синдикат (НАкС) на 27.11.2021 год. (сабота) во Хотел „Карпош“, организираше јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“. Документот за јавни политики насловен „Присуството на академскиот кадар и високообразовните установи во јавноста и нивното влијание врз заедницата“ е изработен во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ од експертскиот тим на Независниот академски синдикат (НАкС). Автори на документот се проф. д-р Мирјана Најчевска, проф. д-р Драгор Заревски, проф. д-р Бојана Наумовска, доц. д-р Бисера Станкова и м-р Љуан Имери.

Во рамките на промоцијата воведниот збор го одржа проф. д-р Драгор Заревски кој го истакна значењето на влијанието на академскиот сектор во високо развиените држави врз севкупниот општествен равиток, а пред сè врз конципирањето и изработката на функционални јавни политики, како и врз развитокот на  стопанството. Документот го презентираа проф. д-р Мирјана Најчевска (со видео конференциско вклучување) и доц. д-р Бисера Станкова при што беше истакнато дека влијанието на високото образование и специфично на универзитетите врз пошироката заедница, приватниот сектор и процесите на донесување одлуки во потесната и пошироката заедница е тема која, во светски размери, сè почесто се спомнува во последните дваесетина години. Најновиот правец на развој сугерира потреба од зголемено влијание на високото образование. Во оваа смисла веќе не се зборува само за двете основни мисии на високото образование (обука и истражување) туку и за трета мисија (услуги за општеството). И обуката и истражувањето имаат директно и индиректно влијание врз општествениот развој и развојот на конкретната заедница (со обука на кадри, нови откритија, кумулација на знаења…), меѓутоа, непосредното влијание најмногу се остварува преку третата мисија – услуги за општеството.

Потребата од директно и видливо влијание на високото образование/универзитетите врз развојот на заедницата (услужната дејност на високото образование) се аргументира со:

Според добиените податоци од направеното истражување, перцепцијата на академскиот кадар е дека високото образование во Република Северна Македонија е многу малку вклучено во процесите на одлучување, во градењето на политиките и во поддршката на севкупниот развој на заедницата.

Според овие податоци:

Идентификуваните проблеми можат да бидат надминати со системски решенија кои ја поддржуваат соработката меѓу институциите на државата и универзитетите; поддршка на релевантни апликативни проекти и искористување на постојните бази на податоци; воспоставување на постојани канали на комуникација меѓу академската заедница и законотворците; поттикнување на соработка меѓу универзитетите.

Ефектите од промената која би настанала со примена на овие мерки се широки и повеќеслојни:

Влијанието на високообразовните установи во заедницата секогаш е двострано и претставува основа за заедничко меѓусебно поддржување и поттик за развој. Меѓутоа, можеби најзначаен резултат на ваквото инволвирање на академската заедница е сигурна основа за демократскиот развој кој се базира на почитување на различностите, слобода на говорот, слободен избор и релевантна партиципација на граѓаните во процесите на одлучување.

Во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ раководен од НАкС изработени се три документа за јавни политики и тоа: (1) документ за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“ што беше јавно претставен на промоцијата одржана во Хотел „Карпош“ во четврток, 18.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот, (2) документ за јавни политики „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди“ што беше јавно претставен на промоцијата одржана во Хотел „Карпош“ во недела, 21.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот и (3) документ за јавни политики „Присуството во јавноста на академскиот кадар и високообразовните установи и нивното влијание во заедницата“ што беше јавно претставен на промоцијата одржана во Хотел „Карпош“ во сабота, 27.11.2021 год. со почеток во 11.00 часот. Проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертскиот тим на НАкС.

—————————————————

29 ноември 2021