Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во петокот, 4 декември 2020 се одржа онлајн презентација на резултати од истражување „Менување на антикорупциските наративи“ на која учествуваа 30-тина претставници од локални граѓански организации и активистички групи од Битола, Тетово, Штип и Скопје.

Учесниците имаа можност да проследат презентација и да дискутираат за резултатите од истражувањето кое е дел од иницијатива фокусирана на промена на јавните наративи во поддршка на антикорупциските реформи која се спроведуваше од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), Open Society-US, Latin America Program и Topos Partnership во нашата земја, САД и Бразил. Во Македонија, ФООМ и Топос соработуваат со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените; Институт за демократија Социетас Цивилис; Младински образовен форум; Мултикултура; и Коалицијата Сите за правично судење.

Истражувањето имаше за цел да се разбере на кој начин граѓаните во овие три држави размислуваат за корупцијата, но и доброто управување, и како реагираат кога за овие прашања се зборува со различни комуникациски пристапи. Наодите од истражувањете може да помогнат во примената на начини на комуникација на темата корупција кои кај граѓаните ќе поттикнат волја за вклучување во и поддршка на нашите антикорупциски заложби.  кои ќе имаат можност да ги слушнат резултатите од истражувањето и да споделат свои искуства и видувања.

—————————————————

9 декември 2020