Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Младинскиот образовен форум во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија спроведува анкета за утврдување на ставовите и мислењата на младите од нашата држава во неколку области.

Прашалникот наменет за лица помеѓу 15 и 29 години кои, согласно Законот за младинско учество и младински политики, влегуваат во категоријата на млади луѓе се наоѓа на линкот подолу:

Секое младо лице сака подобри услови за живот, а со овој прашалник, сите млади луѓе кои ќе го одговорат на истиот имаат можност да придонесат во креирањето на иднината на многу млади во сопствените локални заедници. Прашањата кои се поместени во прашалникот се однесуваат на најактуелните теми поврзани со младите денес и одземаат петнаесетина минути, а секако ќе придонесат за подобар квалитет на живот за младите на локално ниво.

—————————————————

28 јуни 2021