Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 11 февруари, 2022 г. со почеток од 12:00 часот на платформата ZOOM се одржа јавен настан на кој беа промовирани клучните наоди од трите мали истражувања на кои што Младинскиот образовен форум (МОФ) работеше изминатите неколку месеци. На настанот за важноста на ваквите истражувачки напори зборуваше Патер Барлаковски, претседател на МОФ и Сузана Пецаковска, постара програмска координаторка во ФООМ. Авторите на истражувачките извештаи – Јоана Тренеска, Стефан Видиков и Стефан Дојчиноски ги презентираа наодите од своите истражувања фокусирани на идеологијата на младите и улогата на образованието, младинското претприемништво како и на новиот модел на студентско организирање.

Овие истражувања беа изготвени со поддршка од АЛУМНИ студенти, поранешни стипендисти на Програмата за стипендирање на Фондациите Отворено општество како нивни ментори. Истражувањата беа спроведени во рамки на проектот „Академски стипендии за граѓанско општество“ овозможен со финансиска поддршка на Тематската програма за стипендирање на Фондациите отворено општество – Њујорк преку Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

11 февруари 2022