Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Бројот на жителите во селата во Република Северна Македонија опаѓа, депопулацијата и ограничените можности на жителите на руралните средини се поевидентни секој ден, а улогата на руралната жена за опстанување на селата и руралните области останува невидлива и непрепознатлива за пошироката јавност.

 

Руралните жени се моќни, силни и посветени на развојот на заедницата, кои соочувајќи се со бројни предизвици се движечка сила во производството на храна, зачувувањето на традицијата, борбата со климатските промени и одржливиот рурален развој, потсетувајќи нѐ дека преку нивно социјално и економско јакнење ние ќе создадеме социјална благосостојба, економски развој, поквалитетен живот во руралните средини, како и одржливи заедници.

 

Кои се проблемите и предизвиците на жените земјоделки, и каква е нивната положба во македонското општетсво погледнете накратко подолу, а целосната анализа „Положбата на руралните жени во македонското општество“ изработена од Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР од каде и се извлечени податоците, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

—————————————————

25 ноември 2021