Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Подвижната библиотеката денес ги израдува учениците од основното училиште „Рајко Жинзифов“ во село Оризари, општина Велес. Подвижната библиотека, која е всушност возило специјално пренаменето во библиотека, е полна со книги, едукативни игри и други материјали за учење, а учениците имаат можност да се вклучат во забавните настани кои ги подготвиме за нив.

Во ОУ „Рајко Жинзифов“ со нас беа актерите Ѓорѓи Нешкоски и Дени Стојанов кои со децата читаа сликовници на босански јазик, а седумдесетината ученици од прво до петто одделение, но и училишниот персонал и родители денес уживаа во содржините кои ги понуди подвижната библиотека.

Оваа библиотека на тркала ќе ги посети 10-те училишта кои се вклучени во проектот спроведен во партнерство со Фондацијата „Чекор по чекор” и Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија во рамки на концептот „Образование на помалите етнички заедници”.

—————————————————

1 октомври 2019