Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Справувањето со економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза ќе биде многу тешко и неизвесно во периодот што следува. Во изминатиов период проследивме сериозни прекршувања на работничките права и се соочивме со ситуација во која работниците ангажирани во неформалната економија останаа без приходи, се борат да преживеат и имаат многу тешкотии во остварувањето на правата што им следуваат со дел од владините антикризни мерки.

За да се спречи продлабочувањето на ранливоста и натамошната маргинализација на работниците со ниски плати и неформалните работници, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди 255.000 долари поддршка преку Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество.

Со оваа поддршка ќе се обезбеди ефикасна и навремена помош за голем број нископлатени и неформални работници, од кои најголем дел се жени, Роми и самохрани родители, за да добијат пристап до државните мерки за помош, неопходни за исполнување на основните животни потреби, и ќе се обезбеди заштитата на нивните работнички права.

Локалните ромски организации и организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и заштита на човековите права ќе обезбедат поддршка во вид на:

Поддршката за заштита на работничките права на нископлатените и неформалните работници во време на здравствената криза ќе биде овозможена преку спроведените активности во рамки на проектите на следниве граѓански организации:

  1. НВО КХАМ Делчево – проект за унапредување на здравјето на ромската заедница во време на здравствена криза во Делчево, Пехчево со с. Црник, Берово, Виница, Кочани и Штип.
  2. Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје – проект за заштита на социо-економските и работничките права и правно зајакнување на луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници во време на КОВИД-19 на територијата на Република Северна Македонија.
  3. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – проект за намалување на економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза кај ромската заедница во општина Шуто Оризари и на територијата на град Скопје.
  4. Фондација ИДЕА Југоисточна Европа – проект за подобро информирање на јавноста во време на неизвесност предизвикана од КОВИД-19 и подигање на нивото на свесност кај публиката за опасноста од појавување на недемократски тенденции кои штетат на отвореното општество.
  5. Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп – проект за помагање и организирање на маргинализираните заедници за справување со здравствената криза во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
  6. НВО Романо Чачипе – проект за унапредување на здравјето на ромската заедница во време на здравствена криза во општина Шуто Оризари.
  7. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права Скопје – проект за поддршка на работниците за време на КОВИД-19 кризатa на територијата на Република Северна Македонија
  8. ЛИЛ – Здружение на просветни работници и заштита на правата на жени и деца – проект за заштита на права на работниците со ниски приходи и неформалните работници Роми во услови на КОВИД-19 криза во општините Ѓорче Петров, Сарај, Карпош и населбата Визбегово.
  9. Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции ИЗБОР с. Баница, Струмица – проект за заштита на работничките права на работниците со ниски приходи и неформалните работници во услови на криза поради КОВИД-19 во југоисточниот регион-Струмица, Радовиш, Дојран, Валандово и Гевгелија.
  10. ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – проект унапредување на здравјето на ромската заедница во време на здравствена криза во Шуто Оризари и град Скопје.
  11. ЕХО Едукативно-хуманитарна организација – проект за остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институциите и антикризните мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19 во Штип и околните градови во источниот плански регион.
  12. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – проект за справување со здравствените и економските ефекти од епидемијата врз ранливите групи на територијата на Република Северна Македонија, со фокус на општините во кои живее Ромско население.
  13. Национален ромски центар – Куманово – проект за заштита на работничките права на работниците со ниски приходи и неформалните работници во услови на криза поради КОВИД-19 во општина Куманово.
  14. Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – СОНЦЕ – проект за справување со економските последици од КОВИД – 19 преку поддршка на неформалните работници Роми во општините Тетово и Гостивар.
  15. Младински културен центар – Битола – проект за правна помош и поддршка на граѓаните од формалната и неформалната економија во услови на криза во општините Битола, Демир Хисар и Прилеп

Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија се залагаме за почитување на основните човекови права и за достоинство за сите граѓани подеднакво и продолжуваме и натаму брзо и флексибилно да реагираме на сите закани за отвореното општество.

—————————————————

27 јули 2020