Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Победници на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“ се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје).

Честитки за победниците, како и на сите кои се пријавија за учество во конкурсот – поднесените трудови неизмерно придонесоа кон збогатување на квалитетот на образованието на многу ученици. Најголемите, и единствените вистински победници од оваа иницијатива се всушност учениците, кои ве имаат вас, посветените наставнички и наставници како едукатори и воспитувачи, кои на иновативни начини се обидувате да ги проширите нивните знаења и видици.