Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Локалната иницијатива за поставување на патокази и информативни табли за пристап до скопскиот Аквадукт, произлезе како барање од граѓани коишто сакале да го посетат ова скопско културно наследство, но поради непостоечки патни информации, иако е во градското подрачје, тешко можеле да стигнат до него.

Скопскиот аквадукт претставува импозанто здание но за жал иако е споменик на културата заборавен е од надлежните институции и се потешко одолева на забот на времето. Непостоечката патна сигнализација претставуваше проблем за пронаоѓање и пристап до Скопскиот аквадукт. На самата локација не постоеше информативна табла, така што посетителите кога ќе успеат да стигнат до него не можеле да добијат никаква информација.

Со оваа иницијатива тимот на ЦСУ Скопје, на Качанички пат и бул. Словенија постави 10 патокази на клучни точки за пристап до скопскиот Аквадукт и две информативни табли со историски податоци на македонски и англиски јазик, за подобро информирање на домашните и странски посетители.

***

СКОПСКИ АКВАДУКТ (вк. должина 387,98 м., висина 16,5 м.)

Точното датирање на Скопскиот аквадукт не е познато. Се смета дека датира од времето на Римското Царство, односно Византија, во времето на Јустинијан I (од 527 – 554 г.) кој потекнувал од Tauresium (најверојатно во близина на с.Таор во јужниот дел на Скопската котлина) па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Неговата изградба се поврзува и со замирањето на античката населба Скупи во с. Бардовци (особено по разорниот земјотрес во 518 г. од новата ера кога практично и замира античко Скупи а животот се преселува на Скопкото кале. Според истражувањата на постоечките траси и турските записи преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до “Топџиската касарна”, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот Турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки кои оделе од Запад кон Исток.

—————————————————

27 октомври 2020