Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во изминатиот период, повеќе од 50 административни службеници од општините Кичево, Кавадарци, Валандово, Шуто Оризари и Берово активно учествуваа во развој на системи за интегритет на локално ниво.

Работилница одржана на 2-3 јуни 2022 со стручната администрација од општина Кичево

Со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија и експертскиот тим составен од Сабина Факиќ, Герман Филков, проф. Ана Павловска-Данева и Константин Битраков, во периодот мај-јуни беа организирани пет дводневни работилници, на кои претставници од петте општини работеа на подготовка на планови за интегритет.

Работилница одржана на 31 мај-1 јуни 2022 со стручната администрација од општина Кавадарци

На овие работилници беа презентирани мапираните ризици од корупција и судир на интереси за секоја општина индивидуално и истите беа рангирани имајќи ја предвид веројатноста истите да се случат како и влијанието кое може да го остварат.

Работилница одржана на 10-11 мај 2022 со стручната администрација од општина Валандово

Плановите за интегритет го земаат предвид ова рангирање и за секој ризик предвидуваат сет на мерки со кој истиот би се намалил или елиминирал.

Работилница одржана на 5-6 мај 2022 со стручната администрација од општина Шуто Оризари

Се очекува во летниот период Советите на општините да ги донесат овие планови и со тоа да се обврзат истите да ги реализираат согласно предвидените рокови.

Работилница одржана на 28-29 април 2022 со стручната администрација од општина Берово

Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

—————————————————

8 јуни 2022