Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 26 номеври, со почеток во 11 часот се оджа онлјан средба за социјална отчетност и испорака на јавни услуги во Акциските планови за Отворено владино партнерство за земјите-членки од Западен Балкан

Целта на настанот беше споделување на информации за приоритетите на партнерите и граѓанските организации за испорака на јавни услуги, како и искуство со нивно следење преку пристапи за социјална отчетност; идентификување потенцијални области од заеднички интерес што можат да се унапредат преку пристапот на социјална отчетност; учество на фацилитирани дискусии за секоја земја одделно, разменувајќи ги приротетите за работа и ко-креирање на потенцијална ОВП заложба.

На средбата беа поканети партнери од регионот: канцеларии на делегациите на ЕУ, ГИЗ, УНДП, Светска банка, Integrity Action, Save the Children, World Vision, заедно со локални ГОи од секоја од земјите-членки на ОВП во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Србија). Како претставници на РСМ, учествуваа: Канцеларија на УНДП во РСМ и членките на Мрежата на ГОи за ОВП – ЕКОЗВОН, Здружение Глобал, Здружение ЕСЕ, Здружение ИМПЕТУС, Здружение Љубезност, Здружение Мисла, Национален Ромски Центар, Здружение на ромски деловен информативен центар ЗРДИЦМ и Фондација Отворено општество – Македонија во улога на фацилитатор на групата

Во нашата група се дискутираше врз основа на тоа кои се најзначајните проблеми во област ана обезбедување на јавни услуги во земјата, кои се можните начини за нивно решавање, дали прстапот на социјална отчетност може да допринесе за нивно решавање и кои се засегнатите страни кои би можеле активно да се приклучат ко ко-креирање на потенцијална ОВП заложба за социјална отчетност. По дискусијата, детектиравме дека во областите здравство, образование и вработување постојат особено горливи прашања кои треба да се решат, важноста од планирањето и следењето на буџетите на локално ниво како и важноста и потребата од вклучување на социјалната отчетност како дел од политиките на државата за која би обезбедила и буџет. Како пристап, социјалната отчетност за сега се обезбедува само од страна на граѓанските организации во нашата земја.

Социјалната отчетност има за цел да го зајакне гласот на граѓаните да бараат поголема отчетност и одговорност директно од јавните власти и давателите на услуги. Таа претставува клучна алатка за отворање на властите, бидејќи создава притисок на одговорност на давателите на услуги и се стреми кон подобрување на квалитетот и пристапот до јавните услуги.

Социјалната отчетност стана уште поизразена во контекст на пандемијата КОВИД-19. Прво, прибегнувањето кон вонредни овластувања и финансиски ресурси за соочување со здравствената криза и нејзиното економско влијание ја истакнува важноста на отчетноста и транспарентноста за зајакнување на довербата во јавните институции. Второ, и специфично за испорака на јавни услуги, КОВИД-19 резултира со многу поограничена испорака, затворање на многу канцеларии и скоро целосно елиминирање на физичката испорака на услуги, особено во земјите со ограничена дигитална поврзаност. Во исто време, дигиталната испорака на јавни услуги се трансформира во новата нормалност во многу земји за време на кризата и евентуално по неа. Иако постојат можности за ефикасност, тоа ризикува да ја продлабочи нееднаквоста на пристапот до јавните услуги за веќе маргинализираните и ранливи групи.

Иницијативи за социјална отчетност кај членките на ОГП од Западен Балкан

Скоро сите земји-членки на ОВП презедоа обврски во врска со јавните услуги како што се вода, здравство, образование и инфраструктура во текот на нивните Акциски планови. Овие обврски генерално се фокусираа на транспарентност со очекување дека откривањето на информации ќе резултира како подобрена можност. Анализата направена од ОВП покажува дека тоа ретко се случува, и наместо тоа, успешните обврски на ОВП вклучуваат компоненти на транспарентност и отчетност.

И покрај тоа што има многу примери на работа за социјална отчетност во земјите низ регионот, ова е сè уште во зародиш во однос на Акциските планови. Албанија и Северна Македонија вклучија неколку заложби за образование и за здравство, соодветно. Босна и Херцеговина вклучи заложба за образование во нивниот прв Акциски план. Имаше малку или воопшто немаше заложби на пример поврзани со пристап до вода.

За да ги истражи можностите за користење на Акциските планови на ОВП во регионот на поголем начин за зголемување или пилотирање на проекти кои ја подобруваат испораката на услуги преку социјална отчетност, Единицата за поддршка на ОВП организираше средба техничките партнери, споделувајќи информации за проектите што ги водат во други региони, со цел генерирање на идеи и размислувања за тоа каков вид на иницијативи можат да се предвидат за во иднина и локални граѓански организации вклучени или заинтересирани да се вклучат во домашниот процес на ОВП.

—————————————————

4 декември 2020