Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамки на активноста „Корупција? Не во мојата општина!“, Коалицијата Сите за правично судење пушти во употреба онлајн сервис кој има за цел да обезбеди директна помош на граѓаните кои се соочуваат со конкретен проблем или имаат конкретни прашања во врска со корупцијатa и судирот на интереси, нивните права, правни средства кои што ги имаат на располагање, како и сите други прашања од значење за функционирањето на локалната власт.

Правен советник на Коалицијата ќе одговара на сите прашања во најкус можен рок, а истите ќе бидат објавени анонимно и на веб страната на здружението.

Онлајн сервисот е достапен на следниот линк: https://all4fairtrials.org.mk/?p=3384&lang=mk.

Коалицијата Сите за правично судење, заедно со граѓанските организации Мултикултура (Тетово), Избор (Струмица), ЕХО (Штип), Станица ПЕТ (Прилеп) ќе овозможат правна помош за граѓаните кои препознале и сакаат да пријават корупција и конфликт на интереси, со посебен фокус на општините Карпош, Желино, Дојран, Охрид и Прилеп.

Соработката со овие граѓански организации и нивните активности се дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.  Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk/ и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia

 

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

2 септември 2020