Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во соработка со Институт за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА Скопје во рамки на активностите на Концептот „Партнерства во заедниците за унапредување на локалната демократија“ од февруари до октомври 2020 организиравме обуки за јакнење на капацитетите на тимот на Концептот, членовите на Македонскиот креативен активистички тим и на претставници на партнерската организација Центарот за современи уметности – Скопје.

Обуката беше водена од страна на Лазар Ѓуров и Мирјана Ѓеорѓиевска и ги опфати различните аспекти на личен развој и  лидерството кое создава лидери.

За потребите на успешна реализација на нашите активности, особено внимание посветивме и на процес на  индивидуална поддршка за развој на лидерски потенцијал вклучително и  напредни комуникациски вештини како основа за коучинг.  Меѓу другите, посебно беа обработени и емоционална интелигенција како основа за градење на релации базирани на доверба; и темите  за  стиловите, начините на трансформација на конфликтите и справување со специфични ситуации.

—————————————————

2 ноември 2020